Корисни совети

Постојат неколку работи кои можете да ги направите пред почетокот на селењето, со цел да ви биде полесно. Еве неколку корисни совети.

Составувањето на потсетник (список со обврски) е клучен дел од припремата за успешна и безгрижна селидба. Колку подобро се организирате, толку помалку ќе бидете под притисок, кој е еден од најголемите и најчести причини за заборавање на работите. Доколку сте ги ангажирале пријателите или роднините да ви помогнат околу селењето, тогаш ние топло ви препорачуваме да направите и резервен план во случај некој од нив да не биде во можност да ви помогне.

потсетник за селење

Потсетник за селидба

Доколку се одлучите сами да го спакувате домаќинството или работите од деловните простории, тогаш ви нудиме неколку добри совети кои ќе ви ја олеснат целата процедура и ќе ви помогнат посигурно и поефикасно да се спакувате:

  • Неправилното и несоодветно пакување може да ги оштети работите за време на транспортот
  • Навистина е важно работите убаво да се спакувани за да можат соодветно да бидат заштитени
  • Не штедете на хартија, кутии или други средства за заштита при пакувањето
  • На секоја кутија напишете што е спакувано во неа и за каде тие работи се наменети
  • Првин пакувајте ги работите кои нема да ви бидат потребни за брзо време
  • Избегнувајте да пакувате работи од различни простории во една кутија, со цел да го олесните распакувањето
  • На секоја кутија во која има кршливи работи напишете КРШЛИВО
  • На кутиите во кои се најважните работи напишете НАЈВАЖНО
  • Кршливите и некршливите предмети пакувајте ги во различни кутии
  • Секоја кутија убаво зацврстете ја со широка леплива трака
  • Книгите и сличните работи пакувајте ги во помали кутии
  • Доколку сте во можност сите електрични уреди пакувајте ги во оригиналните кутии. Во спротивно употребете фолија со воздушни меурчиња при пакувањето, за да направите подобра заштита.

Кога и последната работа ќе ја изнесете од станот или деловниот простор, ве советуваме да проверите дали:

  • Водата секаде е затворена
  • Клима уредите се исклучени
  • Сите светла се изгаснати
  • Сите врати и прозорци се затворени
  • Сте ги земале сите стари клучеви
  • Можеби нешто сте заборавиле