Транспорт Скопје

Сѐ што треба да направите е да ни се јавите, да закажете бесплатна проценка кај нашиот агент и останатото препуштете ни го нам.

Од почетоците па сѐ до денес се трудиме да ја пружиме најквалитетната услуга за селење во Скопје. Благодарение на искуството кое го градиме од 2000 година, успешно работиме на целата територија на Скопје, вклучувајќи ги сите општини, градски и приградски населби.

Скопје е град кој постојано се шири и развива, а изградбата на нови згради секојдневно се зголемува. Голем број на граѓани од другите градови доаѓаат во Скопје, со цел да започнат нов живот, приватен бизнис, да започнат со студирање или едноставно да уживаат во можностите кои ги нуди градот. Поради тоа, Скопје е место полно со луѓе со различни интересирања, потреби и идеи. Како компанија која нуди услуги за селење во Скопје, нашата обврска е да ги услужиме сите оние кои планираат да престојуваат во овој град, без разлика дали се работи за подолг или пократок период. Поради тоа достапни сме седум дена во неделата, 24 часа дневно, со цел да им овозможиме на сите да се преселат во моментот кога им е потребно. Сѐ што треба да направите е да нѐ контактирате, а ние максимално ќе се потрудиме да ви излеземе во пресрет, во поглед на терминот и цената на услугата која ја барате.