Селидба на магацин

Сѐ што треба да направите е да ни се јавите, да закажете бесплатна проценка кај нашиот агент и останатото препуштете ни го нам.

Покрај сите услуги, нудиме и комплетна селидба на магацински простор. 

Селидбата на магацин подразбира носење на амбалажи за пакување и заштита на вашите работи. На тој начин сѐ се подготвува за селење и превоз, кои се вршат со соодветни возила.
Без разлика на големината на магацинскиот простор, можете да бидете безгрижни бидејќи целата селидба и транспорт ќе бидат направени во најкраток можен рок, во согласност со професионалните стандарди. Вашата роба за време на селењето е потполно спакувана, внимателно сортирана и пренесена до потребната локација. Сигурноста на вашите работи е загарантирана.