Селидба на фирма

Сѐ што треба да направите е да ни се јавите, да закажете бесплатна проценка кај нашиот агент и останатото препуштете ни го нам.

Селидбата на фирма е многу повеќе од преместување на работите од една до друга локација. Пред сѐ во прашање е голема ефикасност, одговорност и пронаоѓање на вистинското решение кое одговара и не смета на работењето на фирмата. Ние го штедиме вашето време, како и пари, и се трудиме максимално да бидете задоволни од нашите услуги, од моментот кога нѐ контактирате па сѐ до успешното реализирање на соработката.

Искуството во досегашната работа ни покажа дека селидбата на фирма е поразлична од останатите услуги. Причината е тоа што големите компании, малите и средните претпријатија, па и самосталните занаетчиски работилници можат да имаат губиток поради селидбата. Во зависност од обемот на преселувањето или транспортот на работите, претпријатијата често го кратат работното време, повремено ја затвораат фабриката или своите канцеларии, додека селидбата не заврши. Токму поради тоа сме спремни да излеземе во пресрет на фирмите и кога е потребно услугите ги даваме по работното време, дури и навечер, со цел да не дојде до губитоци и слични проблеми.

Правилното планирање и координацијата се силен темел за успешна селидба на една фирма. Откако ги дознаваме сите детали за потребната услуга, внимателно и прецизно креираме план со кој максимално се прилагодуваме на потребите и посебностите на услугата. На тој начин, не само што деловните губитоци ги сведуваме на минимум, туку во голема мерка работодавачите и вработените се чувствуваат пријатно и растеретено. Таквиот пристап на организацијата и давањето услуги ни помогна успешно да соработуваме со многу компании, фирми и физички лица. Како резултат, нашите клиенти со задоволство нѐ контактираат, бараат совети за селидби, транспорт или превоз и ја обновуваат соработката. Како компанија за селење која се труди на најпрофесионален и најефикасен начин да комуницира со клиентите, да ги разбере нивните потреби и да пружи услуга без разлика на посебностите, најголема награда ни е кога клиентите повторно нѐ контактираат или нѐ препорачуваат на своите пријатели и познаници.