За нас

BO – DI – TREJD е компанија основана во 2000 година специјализирана за нудење услуги при селење на станбени и деловни простории, транспорт на роба и превоз на работи по целата територија на Македонија и странство.

BO – DI – TREJD е компанија специјализирана за нудење услуги при селење на станбени и деловни простории, транспорт на роба и превоз на работи по целата територија на Македонија и странство. Основана е во 2000 година, како последица од потребата на клиентите да им се понуди сосема ново доживување и искуство кога се во прашање улугите кои се нудат. Една од основните цели на компанијата е да овозможи квалитет и професионална услуга, со која клиентите ќе бидат задоволни. Во моментот кога компанијата почна со работа, пазарот беше конкурентен, а тоа беше и поголем предизвик да се позиционира и да го одржи своето место меѓу најдобрите.

Благодарение на строго дефинираната деловна политика, на која се придржуваме од самиот почеток, BO – DI – TREJD денес се смета за една од најстручните и најпрепознатливи компании за транспорт и селидби. Најдобриот доказ за тоа се верните клиенти кои блиско соработуваат со компанијата, ја обновуваат соработката и даваат препораки на останатите правни и физички лица. Фактот дека поголемиот дел од договорите доаѓа од клиентите со кои веќе сме соработувале, како и од директните препораки, секако е еден од адутите со кои компанијата е особено горда. Сѐ поголемиот број на клиенти, соработници и корисници на услугите кои ги нудиме, дополнително нѐ мотивира да го одржиме нашиот углед и довербата во областа која работиме.

Внимавањето на сите детали, почнувајќи од првиот контакт, внимателното и детално планирање, па сѐ до последниот момент при завршувањето на услугата, е наш апсолутен приоритет. Намерата на компанијата е да ги надмине сите очекувања на клиентите и од ден во ден да ги подгине стандардите на повисоко ниво.

Како компанија која е ориентирана кон квалитетна, доверлива и долгорочна соработка, покрај основните услуги кои ги пружаме, нудиме и проценка, корисни совети и одговори на најчестите прашања поврзани со селидбата, транспортот и превозот.

Не заборавајте дека BO – DI – TREJD е компанија која нуди СИГУРЕН ПРЕВОЗ, БРЗА ДОСТАВА на вашиот мебел, роба или предмети од една на друга локација, која во согласност со услугата потполно се прилагодува на ситуацијата и потребите на своите клиенти. Јавете ни се и уверете се зошто се разликуваме од останатите!

задоволни потрошувачи

Сѐ поголемиот број на клиенти, соработници и корисници на услугите кои ги нудиме, дополнително нѐ мотивира да го одржиме нашиот углед и довербата во областа која работиме.

Јана Петреска

„Кога повторно би се селела, повторно би ги викнала BO-DI-TREJD. Одлична услуга, со загарантирана безбеснот и сигурност на личните работи!“

Драган Арсовски

„По втор пат ја менуваме локацијата на нашата фирма и повторно нашиот избор беше BO-DI-TREJD. Вистински професионалци кои не потрошија ни минута од нашето работно време, а целата опрема неоштетена беше пренесена во новата канцеларија.“

Драгица Стефановиќ

„Селењето воопшто не го доживеав стресно благодарение на BO-DI-TREJD. Додека го пиев утринското кафе, љубезниот и професионален тим ги спакува и пренесе сите работи во мојот нов дом.“